По завршувањето на мечот меѓу Кожув – Тетекс во Миравци во рамките од Втората лига еден арбитар од судиската тројка со боксови се пресмета со домашните фудбалери кои го чекаа пред влезот на соблекувалните.

Домаќините веројатно незадоволни од поразот (1-0) вината ја побараа кај судијата, но тој не истрпи и правдата реши да ја бара со насилство.


Дисциплинската федерација на Македонија ќе има полни раце работа за оваа случка која е несекојдневна на македонските фудбалски терени.

OhridNews