Тетовчанецот Александар Урошевиќ ќе ја дели правдата на натпреварот помеѓу Гостивар – Охрид кој ќе се одигра во рамките од 11 рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад.
На 29-годишниот судија во Гостивар ќе му помагаат Александар Ѓорѓески и Хабиљ Љиворека од Тетово. Урошевиќ прв пат ќе му суди на Охрид сезонава. Во два наврати тој бил четврти судија на мечевите кои ги играл Охрид во Втората лига.
Мечот од 11-та рунда се игра в сабота на Градскиот стадион во Гостивар со почеток во 13:30 часот. Првата средба одиграна во Охрид заврши корист на Гостивар кој победи со минимални 1-0.
OhridNews