Градскиот фудбалски стадион во Охрид, „Билјанини Извори“ повторно ќе биде домаќин на водечката екипа во Втората македонска фудбалска лига, Струга Трим Лум која во рамките од 10-та рунда ќе го пречека тимот на Гоблен Јуниор.

Охридскиот стадион во 9-та рунда од шампионатот им донесе среќа на стружани кои со минимални 1-0 го совладаа составот на Генч Калемлер и го задржаа врвот на табелата во второлигашката конкуренција. Избраниците на Александар Танчески повторно ќе имаат иста задача во Охрид, но овој пат ривал ќе им биде Гоблен Јуниор.

Мечот помеѓу Струга Трим Лум и Гоблен Јуниор е закажан в недела со почеток во 14 часот и 30 минути, а влезот е слободен.

Во преостанатите двојки од 10-та рунда кои на прогр силите ќе ги одмерат Велазерими – Лабуништа, Гостивар – Кораб, Пелистер – Скопје, Тетекс – Генч Калемлер.

OhridNews