Водечките четири екипи во Втората македонска фудбалска лига-запад ги оправдаа фаворитските улоги, победувајќи на четирите пресметки, кои се одиграа во рамките од 19-та рунда.

Лидерот Скопје со 3-1 го совлада Велазерими, Велешта дури во финишот го скрши отпорот на Кадино и славеше со 2-0, Гостивар со минимални 1-0 го победи Тетекс во соседското дерби, а Охрид со 1-0 го реши во своја корист дуелот со Дрита.

Пласманот на табелата остана ист. Скопје е лидер, Велешта е второпласирана, Гостивар третопласиран, а Охрид е четврти на табелата. Во долниот дел од табелата позициите останаа исти. Претпоследна остана Дрита, потоа следуваат Тетекс и Кадино.

  • Резултати:

Скопје – Велазерими 3-1

Велешта – Кадино 2-0

Гостивар – Тетекс 1-0

Охрид – Дрита 1-0

Табела: Скопје 44, Велешта 37, Гостивар 36, Охрид 35, Кораб 25, Велазерими 23, Кадино 19, Тетекс 15, Дрита 13, Вардар Форино (откажан)

OhridNews

 

Минималец на Охрид против Дрита