Фудбалскиот клуб Велешта ги комплетираше второлигашите во западната конференција, откако пат на ждрепка го доби местото во Втората македонската фудбалската лига.
Составот на Велешта имаше најмногу среќа во однос на конкурентите од другите региони и го доби билетот за учество во второлигашката конкуренција. Во ждрепката учествуваа уште ФК Чаклани и ФК Фортуна.
На истокот немаше потреба од жрепка, затоа што тимот на Питу Гули го откажа настапот во Втората МФЛ. Во баражот беа ФК Росоман и ФК Слога Виница и двете екипи автоматски се стекнаа со право за учество во вториот по ранг натпреварување во Македонија.
Новајлиите во Втората лига немаат премногу време да се екипираат бидејќи голем број на клубовите го затворија ростерот и почнаа со подготовките за новата сезона.
OhridNews