Дефанзивецот на Охрид со репрезентативен калибар, Славе Маркоски е дел од тимот на колото во двете Втори лиги, составен од специјализираната страна за македонски фудбал „Макфудбал.мк“.

Маркоски одигра перфектно во одбрана на дуелот со Кораб, не дозволувајќи му на Ујкан Муча да се разигра и да креира шанса за погодок на Кораб. Имаше повремени излети во напад, но неговата задача беше да се запре Муча.

За потсетување, Охрид и Кораб ги поделија бодовите, ремизирајќи 1-1.

OhridNews