Без голови и без победник заврши дерби пресметката помеѓу Лабуништа и Пелистер на Градскиот стадион во Струга во рамките од 23-та рунда во Втората македонска фудбалска лига.

Средбата која помина во знакот на хуманоста и поддршка за Мартин Стојаноски понуди многу борба на средината од теренот, но не и фудбалска убавина. Двете екипи повеќе мислеа да го зачуваат својот гол, отколку да ја затресат мрежата на противникот.

Во скромното дерби најмногу се истакна домашниот голман Раиф Мисерловски кој успеа да скроти неколку удари од противничките играчи, а домаќини повремено се закануваат преку Игор Клечкароски.

Од ремито во Струга најмногу профитираше Струга Трим Лум која моментално има десет бодови предност во однос на Лабуништа односно 15 на третопласираниот Пелистер.

OhridNews

Мартин Стојаноски: Чувствувам поддршка од сите и верувам дека ќе успееме!