Охридските фудбалери со домашниот триумф над Дрита (5-0), се пробија помеѓу четири најдобри екипи на табелата во Втората македонска фудбалска лига-запад.

„Рибарите“ на СРЦ „Билјанини Извори“ се разиграа и во најефикасниот натпревар сезонава ја декласираа Дрита. Стрелци за охриѓани беа Бурхан Алији, Александар Ѓорѓиески, Шериф Реџепи и Александар Целески кој два пати погоди мрежата на гостите.

Составот на Скопје се одлепи три бодови од Гостивар. „Пиратите“ со 1-0 славеа во дуелот со Кадино, а Гостивар ремизираше 1-1 во Дебар со Кораб.

Значајни бодови на гостински терен освои Велешта која со 3-2 го совлада Тетекс.

  • Резултати:

Кораб – Гостивар 1-1

Тетекс – Велешта 2-3

Охрид – Дрита 5-0

Кадино – Скопје 0-1

Вардар Форино – Велазерими

Табела: Скопје 27, Гостивар 24, Велешта 20, Охрид 19, Кораб 18, Велазерими 16 (-1), Кадино 14, Вардар Форино 12 (-1), Дрита 6, Тетекс 6

OhridNews

 

Охрид ја надигра и совлада Дрита