Правдата во дербито во 25-та рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад, помеѓу екипите на Скопје и Охрид ќе ја дели битолчанецот Владимир Ѓорѓиевски.
На Ѓорѓиевски во Скопје на стадионот „Автокоманда“ ќе му асистираат Николче Дрнковски односно Јовче Кокевски, двајцата од Битола.
Супер предизвик во 25-та рунда ќе има охридскиот судија Фатмир Бафто, кој ќе ја дели правдата на дуелот Велазерими – Дрита. Дербито на дното е клучен натпревар за Дрита, која ако не победи, речиси сигурно испаѓа од Втората лига. На Бафто во Кичево ќе му асистираат Симон Грданоски (Струга) односно Горан Балески Охрид.
Иако имаше најави дека мечевите ќе се одиграат в петок, сепак, 25-та рунда на програмата е в сабота, со почеток во 13 часот.
- Двојки и судии:
Велазерими – Дрита (Фатмир Бафто/Охрид)
Скопје – Охрид (Владимир Ѓорѓиевски/Битола)
Кадино – Кораб (Доне Ристовски/Гевгелија)
Велешта – Гостивар (Кирил Смоквоски/Прилеп)
Табела: Скопје 51, Охрид 43, Велешта 43, Гостивар 39, Кораб 30, Велазерими 26, Кадино 24, Тетекс 24, Дрита 20, Вардар Форино откажан.
OhridNews