Екипите на Скопје и Брегалница од следната сезона ќе се натпреваруваат во Првата македонска фудбалска лига, откако на две рунди до крајот на второлигашките шампионати запад односно исток ги обезбедија титулите.
Скопје првата позиција ја завери со триумф над Охрид од 2-0. „Рибарите“ кои настапија без поголем број на фудбалери парираа речиси половина час. Охриѓани во „Автокоманда“ настапија без голманот Никола Симоновски, дефанзивците Љупче Трпески и Наум Вељаноски, кои паузираа поради жолти картони, а поради повреди во комбинација не беа Стефан Петрушевски, Александар Бакулески и Атдхе Мазари. Подолго време во ростерот не се Един Мерсовски и Фатмир Ариф. Скопје победата над Охрид ја осигура со по еден погодок во двете полувремиња. Резултатот го отвори Христијан Кировски, а на 2-0 зголеми Иво Јанакиевски.
Поразот на Охрид во Скопје не го искористи Велешта, која на домашен терен изгуби од Гостивар 1-0. Во последните две рунди, Охрид и Велешта влегуваат со ист број на бодови, но охриѓани имаа предност поради подобриот меѓусебен скор во дуелите.
Брегалница, пак, со победа од 3-0 над Кожув го чекираше билетот за Првата лига. Штипските „сините“ имаат сезона за паметење, бидејќи досегашниот дел од сезоната немаат порази, што доволно покажува зрелост и квалитет за пласман во елитата. Во баражот патува Тиквеш.
- Резултати:
Велазерими – Дрита 2-2
Скопје – Охрид 2-0
Кадино – Кораб 3-0
Велешта – Гостивар 0-1
Табела: Скопје 54, Охрид 43, Велешта 43, Гостивар 42, Кораб 30, Велазерими 27, Кадино 27, Тетекс 24, Дрита 21, Вардар Форино откажан.
OhridNews