Екипата на Скопје се закити со титулата есенски првак во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Пиратите“ првата позиција на табелата ја осигураа со висок триумф од 4-0 во директниот дуел со Гостивар.
Охридските фудбалери со 1-0 го совладаа Вардар Форино и го скршија мразот на гостински терен во Втората лига. „Рибарите“ со новите три бодови се зацврстија во горниот дел од табелата.
Поразот на Гостивар во дербито со Скопје го искористи Велешта која со минимален триумф над Дрита 1-0 се искачи на втората позиција.
Следниот викенд во Втората МФЛ се игра последна рунда од есенската полусезона.
- Резултати:
Кадино – Кораб 0-1
Вардар Форино – Охрид 0-1
Велазерими – Тетекс 0-2
Скопје – Гостивар 4-0
Дрита – Велешта 0-1
Табела: Скопје 36, Велешта 29, Гостивар 27, Охрид 25, Кораб 24, Велезерими 22, Кадино 15, Вардар Форино 13, Тетекс 10, Дрита 7
OhridNews