Екипата на Скопје е нов предводник на табелата позле десет одиграни мечеви во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Пиратите“ триумфираа на гостувањето во Кичево против Велазерими со 3-1 и го искористија минималниот пораз 1-0 на Гостивар во Охрид.
„Рибарите“ со триумфот и трите бодови се искачија две позиции на табелата и моментално се наоѓаат на петтото место. Стрелец на голот за победа беше Александар Целески.
Во преостанатите мечеви од десеттата рунда Кадино – Велешта и Вардар Форино – Дрита ремизираа без голови 0-0, а Кораб со гол во 90-та минута осигура триумф над Тетекс 1-0.
- Резултати:
Охрид – Гостивар 1-0
Кораб – Тетекс 1-0
Кадино – Велешта 0-0
Вардар Форино – Дрита 0-0
Велазерими – Скопје 1-3
Табела: Скопје 21, Гостивар 20, Кораб 17, Велешта 16, Охрид 15, Кадино 13, Велазерими 13, Вардар Форино 12, Тетекс 6, Дрита 5
OhridNews
Голем триумф на Охрид, „рибарите“ му зедоа мерка на лидерот Гостивар!