Трократниот освојувач на пехарот во Првата лига, Силекс ја освои титулата есенски првак во Втората македонска фудбалска лига.
Кратовчани со 34 бодови први ја минаа првата етапа во Втората лига. Зад нив со два бода помалку се фудбалерите на Тетекс, а водечката тројка ја комплетира Миравци со 30 бодови.
И пред почетокот на сезоната Силекс и Тетекс беа први фаворити за враќање во елитата откако минатата ја напуштија.
Табела : Силекс 34 бодови, Тетекс 32, Миравци 30, Скопје 24, ВВрапчиште 24, Маџари 23, Дрита 23, Победа Ј. 23, Тиверија 22, Корзо 22, Зајаз 19, Руфеја 14, 11 Октомври 13, Борец 12, Новаци 12, Локомотива 8.
Мх.П.