Екипата на Пелистер која е новиот лидер на табелата и тимот на Охрид ја одбележаа шестата рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад.

„Зелено белите“, на врвот се искачија после триумфот во Дебар против Кораб 2-1, додека охридските фудбалери ремизирајќи со Лабуништа на стадионот „Билјанини Извори“ го освоија првиот бод во новата сезона.

Победи во шестата рунда забележаа Велазерими и Дрита кои славеа со минимални 1-0 против Скопје односно Вардар Форино. Гостивар и Кадино ги поделија бодовите ремизирајќи без голови.

Резултати:

Дрита – Вардар Форино 1-0

Охрид – Лабуништа 0-0

Кораб – Пелистер 1-2

Велазерими – Скопје 1-0

Гостивар – Кадино 0-0

Табела: Пелистер 13, Дрита 12, Гостивар 11, Лабуништа 11, Скопје 10, Велазерими 10, Кораб 7, Вардар Форино 6, Кадино 4, Охрид 1

Двојки 7.рунда: Пелистер – Велазерими, Вардар Форино – Охрид, Кадино – Кораб, Скопје – Дрита, Лабуништа – Гостивар

OhridNews