Охридскиот фудбалски клуб в сабота (утре) во 5-та рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад силите ќе ги одмери со Велазерими во Кичево. „Рибарите“ на гостински терен ќе ги лекуваат раните од поразите од Скопје во Втората лига и од Ренова во Купот на Македонија.
Поразите без постигнат погодок го уклучуваат алармот кога се однесува за офанзивниот дел во екипата. За резултатска криза на станува збор. Атмосферата во нашиот тим е супер и продолжуваме напред. Во Кичево против Велазерими не очекува нов тежок натпревар со квалитетен и искусен противник, каде сигурно еден момент или една прилика може да го одлучи победникот на натпреварот, – изјави асистентот Марино Маркоски.
Велазерими со шест бодови од првите четири натпревари се наоѓаат на петтата позиција, додека охриѓани со бод помалку се на позицијата број шест.
Минатата сезона кичевчани два пати славеа во дуелите со Охрид. На СРЦ „Билјанини Извори“ победија со 2-1, додека во Кичево триумфираа со 3-1.
Правдата на натпреварот ќе ја дели Игор Иванов од Велес.
OhridNews