Фудбалерите на Струга Трим Лум ја осигураа шампионската титулата во Втората македонска фудбалска лига запад и обезбедија историски пласман во елитното фудбалско друштво. „Црвено црните“ најквалитетен фудбал во Струга ќе донесат после 20 години кога Караорман беше од дел Првата лига.

Струга Трим Лум ремизираше во Битола со Пелистер (1-1), но и конкурентот Лабуништа не успеа да победи во Гостивар ремизирајќи (2-2) и разликата од десет поени остана на три рунди до крајот на првенството, што и математички го прави шампион актуелниот лидер.

После решавањето на дилемите околу шампионот и екипата која директно влегува во Првата МФЛ останува неизвесноста околу второто место кое води во баражот и борбата за опстанок. За втората позиција во предност е Лабуништа која два од последните три мечеви ги игра домашен терен, а за опстанок ќе се борат Гоблен Јуниор, Генч Калемлер, Тетекс и Кораб.

OhridNews