Натпреварот помеѓу Охрид – Велешта и преостанатите мечеви од втората рунда во Втората македонска фудбалска лига исток и запад ќе се одиграат в недела наместо в сабота.

Втората МФЛ и Првата МФЛ ги заменија термините поради настапите на македонската фудбалска репрезентација во Лигата на Нации. „Црвено жолтите“ на почетокот од новото издание на Лига на Нации ќе се сретнат со Ерменија на домашен терен во Скопје.

Охрид и Велешта имаа позитивен старт на сезоната. „Рибарите“ се покажаа во добро светло и ремизираа на гостински терен кај Гостивар, додека Велешта на домашно тло со минимални 1-0 го совлада Кадино.

Натпреварот на СРЦ „Билјанини Извори“ се игра во 16:30 часот без публика на трибините, со строги мерки и протоколи во време на пандемија на вирусот ковид -19.

OhridNews