Македонија Ѓорче Петров претрпе минимален пораз 1-0 на гостување кај Врапчиште и внесе  дополнителна неизвесност до крајот на шампионатот.

Еуромилк на домашен терен лесно со 3-0 го совлада штипскиот второлигаш Баби додека Скопје минимално со 1-0 славеше во Прилеп над 11 Октомври.

Резултати : Гостивар – Новаци 2-0, Руфеја – Маџари 4-2, 11 Октомври – Скопје 0-1, Врапчиште – Македонија ЃП 1-0, Корзо – Локомотива 2-1, Тиквеш – Победа 0-4, Еуромилк ГЛ – Баби 3-0, Охрид – Миравци 0-3

Табела  : Македонија ЃП 61 бод, Скопје 60, Гостивар 59, Еуромилк ГЛ 58, Руфеја 50, Миравци 47, Победа 40, Врапчиште 34, 11 Октомври 33, Корзо 32, Маџари 31, Новаци 31, Локомотива 30, Баби 25, Тиквеш 19, Охрид 13 бода.

Мх.П.