Водечките тимови во Втората македонска фудбалска лига пролетниот дел од првенството го започнаа со победи.

Најубедлив триумф забележа лидерот Гостивар над Тиквеш со 5-0, победа од 4-0 славеше Еуромилк против Маџари додека Скопје и Руфеја три бода прокнижија со минималните победи над Локомотива односно Врапчиште.

Екипата на Корзо која драстично се засили во зимскиот преоден рок и најсериозен кандидат на Охрид за опстанок во лигата обезбеди голем бод на гостувањето кај Миравци играјќи 1-1.

Резултати : Новаци – 11 Октомври 2-1, Врапчиште – Руфеја 0-1, Миравци – Корзо 1-1, Тиквеш – Гостивар, Скопје – Локомотива 1-0, Победа Јуниор – Охрид 2-1, Маџари – Еуромилк 0-4.

Табела :

1 Гостивар 16 9 6 1 21 28 7 33
2 Скопје 16 9 4 3 18 29 11 31
3 Руфеја 16 9 4 3 14 25 11 31
4 Еуромилк ГЛ 16 9 4 3 8 19 11 31
5 Македонија ЃП 15 9 2 4 11 21 10 29
6 Миравци 16 8 4 4 9 25 16 28
7 Победа Ј. 16 9 1 6 3 19 16 28
8 11 Октомври 16 7 2 7 -4 20 24 23
9 Маџари 16 5 5 6 -1 16 17 20
10 Врапчиште 16 5 5 6 -6 14 20 20
11 Новаци 2005 16 6 2 8 -8 24 32 20
12 Тиквеш 09 16 4 5 7 -4 21 25 17
13 Охрид 16 5 0 11 -22 23 45 15
14 Корзо 16 1 7 8 -12 10 22 10
15 Локомотива 16 2 3 11 -17 12 29 9
16 Баби 15 2 2 11 -10 13 23 8
Мх.П.