Екипите на Велешта и Скопје имаа успешен старт на новата сезона во Втората лига, откако на домашен терен славеа против Кадино (1-0) односно Велазерими (4-2).

Погодокот за победа на Велешта го постигна Игор Клечкароски во првото полувреме. Новајлијата во второлигашкото друштво го задржа до крајот минималното водство и стигна до многу важни три бодови.

Скопје во најефикасниот натпревар во првата рунда го совлада Велазерими со 4-2. Двете екипи играа отворено, а, Скопје се покажа како подобар противник и успеа да ги освои бодовите.

Дрита и Вардар Форино ги поделија бодовите ремизирајќи 1-1. Без голови и без победник заврши дербито на колото помеѓу Гостивар – Охрид. Првата рунда ќе се комплетира со мечот Тетекс – Кораб.

Резултати:

Гостивар – Охрид 0-0

Велешта – Кадино 1-0

Дрита – Вардар Форино 1-1

Скопје – Велазерими 4-2

Лабуништа (Тетекс) – Кораб утре

Двојки 2.рунда: Охрид – Велешта, Кораб – Велазерими, Вардар Форино – Велазерими, Кадино – Дрита, Лабуништа (Тетекс) – Гостивар.

OhridNews

Обновено: Храбро реми на Охрид во Гостивар