Прилепска Победа се одлепи сама на врвот од табелата по одигрувањето на вондредната 23-та рунда од Втората македонска фудбалска лига.
Победа со високи 3-0 ја совлада екипата на Гостивар која на стартот од втората полусезона победи во Охрид.
Триумфот над гостиварчани за „црвено белите“ е петти во низа кој ги лансираше на врвот од табелата со два бодови повеќе од второпласираната Македонија ЃП која ремизираше без голови со Љубанци.
Резултати: Победа – Гостивар 3-0, Еуромилк – Пелистер 2-0, Македонија ЃП – Љубанци 0-0, Тетекс – Кожув 1-0, Велазерими – Скопје 1-0.
Табела: Победа 38, Македонија ЃП 36, Велазерими 35, Тетекс 33, Љубанци 33, Скопје 32, Пелистер 29, Еуромилк 29, Гостивар 26, Кожув 19.
OhridNews