Лидерот на табелата во Втората македонска фудбалска лига-запад, Струга Трим Лум прокнижи нови три бодови на контото победувајќи го тимот на Генче Калемлер со минимални (1-0) во Гостивар.
Со триумфот над претпоследниот тим во второлигашката конкуренција стружани направија уште еден чекор напред кон обезбедување на шампионската титула и пласман во Првата МФЛ.
Стрелец на победничкиот погодок во мечот со Генч Калемлер беше дефанзивецот Христијан Драгарски кој погоди во 72-та минута од натпреварот.
„Црвено белите“ се одлепија 11 бодови од второпласираниот тим на табелата Лабуништа кој мечот од 22-та рунда ќе го одигра утре (сабота) против Тетекс.
OhridNews