Битолски Пелистер ќе се бори за пласман во Првата македонска фудбалска лига, откако по “лудото“ последно коло се пласираше на третото место. Противник на “чкембарите“ во баражот ќе им биде тимот на Хоризонт Турново. Гостивар и Кожуф се селат во понизок ранг, а бараж за опстанок во Втората лига ќе игра Љубанци.
Резултати : Тетекс – Македонија ЃП 1-2, Победа – Велазерими 2-0, Пелистер – Скопје 1-0, Гостивар – Љубанци 3-2, Еуромилк – Кожуф 1-0
ТАБЕЛА: Победа 47 бода, Македонија ЃП 46, Пелистер 39, Тетекс 39, Велазерими 38, Скопје 36, Еуромилк 36, Љубанци 34, Гостивар 33, Кожуф 17 бода.
ohridnews