Екипите на Пелистер и Лабуништа се нови  лидери на табелата во Втората македонска фудбалска лига-запад. Двата состави успешно ги завршија своите домашни задачи победувајќи Охрид 2-1 односно Скопје со 2-0 во рамките од 12-та рунда.

Пелистер триумфот на стадионот „Под Тумбе Кафе“ во Битола го обезбеди со погодок во последната минута од судиското продолжение. Таличен за „пелистерци“ беше дефанзивецот Горан Ганчев кој со глава ја погоди охридската мрежа за триумф на домаќините.

Лабуништа отпорот на Скопје во дерби средбата во Струга го скрши во второто полувреме. Избраниците на Пепи Џигероски поведоа со голот на Петар Љамчевски а победата ја запечати Климе Далчески.

Резултати: 

Вардар Форино – Велазерими 0-0

Пелистер – Охрид 2-1

Лабуништа – Скопје 2-0

Кадино – Дрита 3-3

Кораб – Гостивар 2-1

Табела: Пелистер 24, Лабуништа 24, Скопје 22, Велаерими 22, Гостивар 19, Вардар Форино 18, Кораб 18, Дрита 17, Кадино 9, Охрид 8

OhridNews