Стрелецот на победничкиот погодок за Охрид во минималната победа (1-0) над Дрита, Александар Целески е дел од тимот на колото, составен од двете Втори лиги, во изборот на „Макфудбал.мк“.

Охридскиот голгетер во 56-та минута со глава го матираше одличниот гостински голман Амир Јашар, погодок кој на крајот се покажа пресуден за конечниот исход. За Целески ова беше петти погодок сезонава, а трет што директно на Охрид му носи три бодови. Претходно, Целески погодуваше во минималните победи над Гостивар односно Велазерими, на СРЦ „Билјанини Извори“.

Во тимот на колото по двајца свои претставници имаат Слога Виница, Каменица Саса, Скопје и Велешта, а по еден Брегалница и Осогово.

OhridNews