Охридските фудбалери со 1-0 ја совладаа Велешта и направија голем чекор напред во борбата за втората позиција на табелата во Втората македонска фудбалска лига-запад, која води во баражот за влез во Првата лига.

„Рибарите“ одиграа феноменален натпревар и сосема заслужено славеа во директната пресметка со ривалот. Победничкиот погодок беше дело на Дарко Цветаноски, а нова улога на спасител имаше голманот Никола Симоновски. Токму тие двајца се наоѓаат во тимот на колото, во изборот на „Макфудбал“. Идеалниот тим за 24-та рунда го предводи стратегот на охриѓани Драган Бочески.

Тимот на колото за 24-та рунда во двете Втори лиги.

Фото галерија: Охрид славеше во дербито со Велешта, пол позицијата во финалните битки за „рибарите“

Велешта немоќна на „Билјанини Извори“, баражот им се смешка на „рибарите“

OhridNews