Битолчанецот Дени Лековски е одреден за „главен“ судија на натпреварот Охрид – Велешта во рамките од втората рунда во Втората македонска фудбалска лига.
За 31-годишниот арбитар ова ќе биде деби во новата сезона од второлигашката конкуренција. Асистенти на Лековски ќе му бидат Николче Дрнковски (Битола) и Николче Николовски (Ресен). Четврти арбитар е Благојче Ралевски (Битола).
Натпреварот помеѓу Охрид – Велешта се игра в недела во 16:30 часот на СРЦ „Билјанини Извори“. Дуелот ќе биде без публика.
Двојки и судии:
Тетекс – Гостивар (Марјан Стојановски)
Кораб – Велазерими (Дејан Младеновски)
Вардар Форино – Скопје (Ристе Сејменов)
Кадино – Дрита (Ѓорѓиевски Владимир)
Охрид – Велешта (Дени Лековски)
OhridNews