Правдата на дербито на средината од табелата помеѓу Охрид и Велазерими, во 14-та рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад ќе ја дели прилепчанецот Влатко Илиоски.
На Илиоски, в сабота во 13 часот на СРЦ „Билјанини Извори“, ќе му асистираат Иле Мишески Марјан Смилковски, двајцата од Прилеп. Четврти судија е Кирил Смоквоски.
Охриѓанецот Фатмир Бафто ќе дели правда на истокот, односно на натпреварот помеѓу Победа – Кожув. На Бафто ќе му помагаат Горан Балески (Охрид) и Марио Мојсоски (Струга). Четврти судија е Мишо Ѓорѓиески од Охрид.
За издвојување во 14-та рунда е задачата за стружанецот Јован Качевски кој ќе го суди супер дербито помеѓу Брегалница и Тиквеш на истокот.
- Двојки и судии, Втората МФЛ-запад:
Кораб – Велешта (Димитар Пилешков)
Гостивар – Дрита (Спире Арсов)
Тетекс – Скопје (Васко Мавров)
Охрид – Велазерими (Влатко Илиоски)
Кадино – Вардар Форино (Марјан Дејаноски)
OhridNews