Трите порази во четирите
првенствени натпревари од пролетниот дел од сезоната во Втората
македонска фудбалска лига ги “лизна“ охридските фудбалери во зоната за
испаѓање.

Над
“рибарите“ на второлигашката табела се искачија Корзо и Локомотива, а
три бода во 19-та рунда прокнижи и Баби победувајќи го тимот на
Врапчиште.

До крајот на сезоната пред охриѓани престои
макотрпна работа за враќање на самодовербата и резултати кои ќе одржат
Охрид живот и ќе го продолжи престојот во Втората лига.

Резултати
: Корзо – Победа Јуниор 2-1, Баби – Врапчиште 2-1, Еуромилк – Руфеја
0-0, Скопје – Миравци 1-0, Охрид – Гостивар 0-2, Локомотива – Новаци
3-0, Македонија ЃП – Маџари 3-2.

Табела :

1 Скопје 19 12 4 3 24 35 11 40
2 Гостивар 19 11 7 1 24 32 8 40
3 Македонија ЃП 19 12 3 4 16 28 12 39
4 Еуромилк ГЛ 18 11 5 2 17 25 8 38
5 Руфеја 19 10 5 4 16 28 12 35
6 Миравци 19 9 4 6 9 29 20 31
7 Победа Ј. 19 10 1 8 1 22 21 31
8 11 Октомври 18 8 2 8 -4 24 28 26
9 Маџари 19 5 6 8 -4 21 25 21
10 Врапчиште 19 5 6 8 -9 16 25 21
11 Новаци 2005 19 6 3 10 -12 26 38 21
12 Тиквеш 09 18 4 6 8 -8 21 29 18
13 Корзо 19 3 8 8 -10 16 26 17
14 Локомотива 19 4 3 12 -16 18 34 15
15 Охрид 18 4 1 13 -30 20 50 13
16 Баби 19 3 2 14 -14 16 30 11

Мх.П.