Последната рунда од есенската полусезона во Втората македонска фудбалска-запад донесе неколку промени на табелата и есенски првак. Фудбалерите на Пелистер први минаа низ целта, додека Охрид побегна од дното и фенерот му го препушти на Кадино.

Битолските „зелено бели“ до титулата есенски прваци стигнаа со гостински триумф против Гостивар 2-0, а конкурентот Лабуништа претрпе минимален пораз од Дрита 1-0 во Боговиење.

Охрид во дербито на дното со 3-2 го совлада Кадино и прв пат од почетокот на сезоната не е последнопласиран на табелата. Натпреварот кој беше со хуминатарен карактер изообилуваше со возбудувања, а на крајот на триумф се радуваше охридскиот состав.

Резултати:

Велазерими – Кораб 1-0

Охрид – Кадино 3-2

Гостивар – Пелистер 0-2

Дрита – Лабуништа 1-0

Скопје – Вардар Форино 3-0

Табела: Пелистер 27, Скопје 25, Велазерими 25, Лабуништа 24, Дрита 20, Гостивар 19, Вардар Форино 18, Кораб 18, Охрид 11, Кадино 9

OhridNews