Охридските “бели“ ја постигнаа највисоката победа во 14 коло од Втората МФЛ. Идентично како и на стартот на шампионатот со 3-0 совладана Цементарница.

Тројца различни играчи ја погодоија противничката мрежа, а дебитантскиот погодок во дресот на Охрид го постигна Ване Никодиноски, кој зимава од Воска дојде во тимот на Гоце Маркоски.

Тој е 11- от фудбалер годинава кој се запишува во листата на стрелци. Во досегашните 14 кола, “рибарите“ постигнаа 15 погодоци. За “белите“ ова беше само третиот натпревар како не примаат гол.

М.П.