Битолчанецот Владими Ѓорѓиевски ќе ја дели правдата на локалното дерби Охрид – Кораб, во првата пролетна рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад.

Ѓорѓиевски втор пат ќе му суди на Охрид сезонава. Битолчанецот претходно ја делеше правдата во Купот на Македонија каде Охрид изгуби од Ренова со 4-0.

Асистенти на Ѓорѓиевски ќе му бидат Николче Дрнковски (Битола) односно Николче Николовски (Ресен).

Мечот Охрид – Кораб и преостанатите натпреварит од првата рунда во пролетната полусезона се играат в сабота, во 14 часот.

  • Двојки и судии:

Охрид – Кораб (Владимир Ѓорѓиески/Битола)

Кадино – Тетекс (Димитар Пилешков/Штип)

Вардар Форино – Гостивар (Влатко Илиоски)

Велазерими – Велешта (Доне Ристовски/Гевгелија)

Скопје – Дрита (Сашко Ристов/Струмица)

Табела: Скопје 37, Велешта 30, Гостивар 30, Охрид 28, Кораб 24, Велазерими 22, Кадино 15, Тетекс 13, Дрита 10, Вардар Форино 10

OhridNews

 

Најава Охрид – Кораб: Домашниот терен адут на охриѓани, Кораб врти нов лист