Тетовчанецот Идризи Фрукан ќе ја дели правдата на натпреварот помеѓу Охрид – Кадино во рамките од 13-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад.

Средбата која ќе се одигра в сабота во 13 часот на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе биде со хуминатарен карактер. Охридскиот клуб сите собрани средства од билетите ќе ги донира на сметката од Трајан Целески-Тачо, кој треба да се лекува во Италија.

Фуркан трет пат сезонава ќе му суди на Охрид. Првиот пат, тетовчанецот судеше во Охрид во куп дуелот со Беласица, а вториот пат правдата ја делеше во Кичево на мечот со Велазерими. Помошници на Фуркан ќе му бидат Емурли Иса и Медии Иљми од Тетово.

Во останатите средби силите ќе ги одмерат Велазерими – Кораб, Гостивар – Пелистер, Дрита – Лабуништа, Скопје – Вардар Форино.

OhridNews