Искусниот арбитар со прволигашки статус Марјан Стојановски ќе ја дели правдата на дуелот помеѓу Охрид и Кадино кој ќе ја спушти завесата во Втората македонска фудбалска лига-запад.

Стојановски прв пат ќе им суди на Охрид и Кадино сезонава, и останува да видиме за кој клуб ќе биде среќен, или пак мечот ќе заврши без голови.

На Стојановски на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе му помагаат Давор Цветаноски односно Мартин Дејаноски и двајцата од Кичево. Четврти судија е Марјан Дејаноски.

Сефте во последната рунда од есенската полусезона во Втората лига ќе има Мишо Ѓорѓиески. Охриѓанецот ќе ја дели правдата на дербито на дното од табелата Тетекс – Вардар Форино. Асистенти на Ѓорѓиески ќе му бидат Осман Зекири од Кичево и Горан Балески од Охрид. Четврти судијае Фатмир Бафто.

  • Двојки и судии:

Кораб – Дрита (Никола Костенчев/Скопје)

Велешта – Скопје (Ндерим Тефику)

Гостивар – Велазерими (Александар Урошевиќ/Тетово)

Тетекс – Вардар Форино (Мишо Ѓорѓиески/Охрид)

Охрид – Кадино (Марјан Стојаноски/Кичево)

OhridNews