Само победа и освојување на трите бодови е опција за фудбалерите на Охрид на утрешниот натпревар со Скопје во осмата рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад.
„Рибарите“ на последниот меч на домашен терен против Лабуништа ремизираа без голови и покажаа дека можат да одиграат квалитетен меч, но потфрлија во претходната рунда кај Вардар Форино претрпувајќи висок пораз 4-1.
На охридските фудбалери им се потребни трите бодови за останување во игра за опстанок и долг второлигашки живот. Натпреварот на СРЦ „Билјанини Извори“ се игра утре (сабота) во 15 часот.
Најинтересна средба во осмата рунда е дуелот помеѓу Кораб и Лабуништа во Дебар.
Двојки 8.рунда:
Велазерими – Дрита
Охрид – Скопје
Гостивар – Вардар Форино
Кораб – Лабуништа
Пелистер – Кадино
Табела: Пелистер 16, Дрита 15, Лабуништа 14, Гостивар 11, Скопје 10, Велазерими 10, Вардар Форино 9, Кораб 7, Кадино 4, Охрид 1
OhridNews