В сабота (утре) со мечевите од 13-та рунда ќе продолжат возбудувањата во Втората македонска фудбалска лига-запад. Очите на охридската јавност ќе бидат вперени во Битола каде Охрид ќе се сретне со Пелистер додека во фокусот ќе биде дерби средбата во Струга помеѓу лидерот Скопје и домашниот состав Лабуништа.
Фудбалерите на Пелистер четири натпревари во серија незнаат за победа а против Охрид гледаат изгледна прилика да стават точка на постот. На спротивната страна, „рибарите“ се борат за живот за Втората лига и секој бод од гостување во таа битка е драгоцен.
Во Струга се очекува да биде жестоко. Лабуништа на домашен терен ќе го пречека водечкиот состав Скопје. „Црно белите“ на домашен терен секогаш атакуваат на победа а Скопје во серија од четири победи и со голема самодоверба ќе влезе во дерби средбата.
Натпреварите се играат во 13 часот.
Двојки:
Вардар Форино – Велазерими
Лабуништа – Скопје
Кадино – Дрита
Пелистер – Охрид
Кораб – Гостивар
Табела: Скопје 22, Пелистер 21, Лауништа 21, Велазерими 21, Гостивар 19, Вардар Форино 17, Дрита 16, Кораб 15, Кадино 8, Охрид 8
OhridNews