Штипскиот арбитар Димитар Пилешков ќе ја дели правдата на дуелот Охрид – Гоствивар во 10-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад
Асистенти на Пилешков на натпреварот на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе му бидат Александар Ѓорѓески од Тетово и Богданчо Ѓеорѓиев од Богданци. Четврт судија е Марјан Дејаноски од Кичево.
Мечот помеѓу Охрид и Гостивар се игра в сабота во 13:30 часот.
Двојки и судии:
Кораб – Тетекс (Дејан Младеновски-Скопје)
Охрид – Гостивар (Димитар Пилешков-Штип)
Кадино – Велешта (Ристе Сејмонов-Струмица)
Вардар Форино – Дрита (Дени Лековски-Битола)
Велазерими – Скопје (Стојанче Трпчевски-Кавадарци)
OhridNews