Никола Иванов од Велес, ќе ја дели правдата на мечот помеѓу Охрид – Дрита, во рамките од 12-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад.
Асистенти на Иванов ќе му бидат Вјолца Изеири од Гостивар односно Влатко Ѓошевски од Скопје. Мечот на СРЦ „Билјанини Извори“ се игра в сабота во 13 часот.
- Двојки и судии:
Кораб – Гостивар (Марјан Дејаноски/Кичево)
Тетекс – Велешта (Крумислав Ѓорѓиев/Штип)
Охрид – Дрита (Никола Иванов/Велес)
Кадино – Скопје (Јован Качевски/Струга)
Вардар Форино – Велазерими (Спире Арсов/Кочани)
OhridNews