Градот Охрид и фудбалски стадион „Билјанини Извори“ ќе бидат домаќини на супер дербито помеѓу Струга Трим Лум – Лабуништа во првата рунда од пролетната сезона во Втората македонска фудбалска лига-запад.

Натпреварот помеѓу есенскиот првак Струга Трим Лум и второпласираниот тим на Лабуништа ќе се одигра в сабота со почеток во 14 часот.

Императивот на двете екипи е победа, што е добар предуслов за одличен фудбал в сабота попладне на стадионот „Билјанини Извори“. Двата состави дел од зимските подготовки ги одработија во Охрид и теренот нема да биде непознат.

Првата пресметка во есенската полусезона која се одигра во Струга заврши без победник 2-2.

OhridNews