ФК Охрид попладнево од 16 часот на стадионот “Билјании извори“ во рамките од натпреварите до второто коло ќе ја пречека екипата на штипска Брегалница.

Двете екипи во воведните кола забележаа победи. Охрид како гостин кај Цементарница (0-3), додека Брегалница дома против Беласица (1-0).

Во последните четири меѓусебни пресметки охриѓани две пати ја совладаа Брегалница(1-0, 0-2) еднаш ремизираа (2-2),а претпреа и еден пораз (0-1).

Главен судија на денешниот натпревар е битолчанецот Зоранчо Илиевски.Негови помошници се Клочоски Васко и Соклевска Елена сите од Битола.

М.П.