Охридскиот фудбалски клуб има четири свои претставници во идеалниот тим од 10-та рунда во Втората македонска фудбалска лига. „Рибарите“ место помеѓу најдобрите обезбедија со минималниот триумф (1-0) над Гостивар на СРЦ „Билјанини Извори“.
Дел од екипата се голманот Никола Симоновски, дефанзивецот Славе Маркоски и напаѓачот Александар Целески. Шлаг на тортата е наградата за тренерот Марино Маркоски кој го предводи тимот на колото, одбран од специјализираната страна за фудбал „Макфудбал“.
OhridNews