Фудбалерите на Младост од Царев Двор прокнижија нови три бодови на табелата во Втората лига победувајќи ја Дрита (2-0) во 21-та рунда на „Атина Бојаџи“.


Половина час им беа потребни на домашните фудбалери да го скршат отпорот на гостите. Најдобро во мешаницата од фудбалери се снајде Благојче Коњараски, кој ја наговести победата.


Во второто полувреме „зелено белите“ со тотална офанзива решително тргнаа по трите бодови.


Доминатноста на теренот домаќините ја валоризираа во 65-та минута кога со голот од белата точка на Игор Клечкароски ја дуплираа предноста.


До крајот на мечот Младост со организирана игра го зачува водството и направи уште еден чекор до Првата лига.

Мх.П.