Тетовчанецот Фуркан Идризи е назначен за главен арбитар на дуелот Охрид – Кадино, во претпоследната рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад.

На Идризи кој е арбитар со прволигашки статус на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе му асистираат Хабиљ  Љиворека (Тетово) односно Вјолца Изеири (Гостивар). Четврти судија е Александар Урошевиќ (Тетово).

Натпреварите од 26-та рунда ќе се играат во 16 часот, а не како претходно во 13 часот. Новиот термин е поради промената на полицискиот час, кој започнува од 23 часот. Претходно, полицискиот час почнуваше од 20 и 21 часот, затоа мечевите се играат во 13 часот.

  • Двојки и судии:

Велешта – Велазерими (Дени Лековски/Битола)

Гостивар – Скопје (Ндерим Тефику/Куманово)

Охрид – Кадино (Фуркан Идризи/Тетово)

Кораб – Тетекс (Игор Иванов)

Табела: Скопје 54, Охрид 43, Велешта 43, Гостивар 42, Кораб 30, Кадино 27, Велазерими 27, Тетекс 24, Дрита 21, Вардар Форино откажан.

OhridNews