Домашните екипи ја одбележаа 22-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад, победувајќи на сите четири натпревари.

Победи на домашен терен забележаа Охрид кој со 2-1 го совлада Велазерими, Кораб кој со 2-0 славеше во дуелот со Гостивар, Дрита кој го најде лекот за лидерот на табелата Скопје и Тетекс кој го доби дербито на дното со Кадино со минимални 1-0.

„Рибарите“ со трите бодови од дуелот со кичевчани се искачија на третото место на табелата, прескокнувајќи го Гостивар. Охриѓани во завршните пет рунди ќе бијат битка со Велешта за позицијата број два на табелата, која води во баражот за Првата лига.

  • Резултати:

Охрид – Велазерими 2-1

Кораб – Гостивар 2-0

Дрита – Скопје 3-2

Тетекс – Кадино 1-0

Табела: Скопје 48, Велешта 40, Охрид 39, Гостивар 37, Кораб 30, Велазерими 25, Кадино 21, Тетекс 21, Дрита 17, Вардар Форино откажан.

OhridNews

 

Лавовски триумф на Охрид, „рибарите“ со фудбалер помалку го совладаа Велазерими