Никола Иванов од Велес ќе ја дели правдата на натпреварот Охрид – Велазерими, кој ќе се одигра на СРЦ „Билјанини Извори“, во рамките од 22-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад.

На Иванов ќе му помагаат Милош Милошевиќ и Горан Милошевски, двајцата од Скопје.

Натпреварите од 22-та рунда се играат в сабота во 13 часот.

  • Двојки и судии:

Кораб – Гостивар (Крумислав Ѓорѓиев/Штип)

Охрид – Велазерими (Никола Иванов/Велес)

Дрита – Скопје (Кирил Смоквоски/Прилеп)

Тетекс – Кадино (Владимир Ѓорѓиески/Битола)

Табела: Скопје 48, Велешта 40, Гостивар 37, Охрид 36, Кораб 27, Велазерими 25, Кадино 21, Тетекс 18, Дрита 14, Вардар Форино откажан.

OhridNews