Натпреварот од Втората лига во Прилеп меѓу Победа и Македонија Ѓорче Петров не го дочека својот крај откако бил прекинат во 70-та минута при водство 0-1 за гостите.


Кумановскиот судија Далибор Ѓорѓевски за момент го прекинал натпреварот во Прилеп по скандирањето против ФФМ од трибините на Гоце Делчев.

Но, место да се смират страстите тие дополнително се разгориле и дел од публиката втрчала на теренот бркајќи го судијата и гостинските фудбалери.

Подоцна судијата Ѓорѓевски одлучил да не се доигра мечот откако немало оптимални услови продолжување.

По службен пат „лавовите“ ќе ги освојат бодовите, а домаќините се соочуваат со висока и драстична казна од дисциплинската комисија на ФФМ.

Фото : архива
Ohridnews