Судиската организација во Фудбалската федерација на Македонија го назначи Ндерим Тефику од Куманово за делител на правдата на локалното дерби помеѓу Лабуништа – Охрид во првата рунда од пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига-запад. Мечот се игра в недела во 14 часот.
32-годишниот кумановчанец добро ги познава двете екипи и не би требало да има посериозен проблем со „редот и мирот“ на Градскиот стадион во Струга. Асистени на Тефику ќе му бидат Мартин Петковски односно Бојан Андевски, двајцата од Куманово. Четврти судија е Садик Таири од Струга.
Тефику на Лабуништа сезонава му судел три пати. „Црно белите“ немаат позитивен ефект со него. Претрпеа порази од Дрита 1-0 и Скопје 2-0 на гостински терен. На домашен терен го совладаа Скопје со 2-0. Судијата од Куманово беше среќен за Охрид на дуелот со Скопје, кој „рибарите“ го добија со минимални 1-0.
Своја задача во 15-та рунда ќе има и Фатмир Бафто. Охридскиот судија ќе биде четврти на дуелот Пелистер – Кораб во Битола.
OhridNews