Навивачите на Брегалница и Тиквеш, го засенија супер дербито во Втората македонска фудбалска лига-исток, откако имаа блиска средба во центарот на Штиш. Средбата на двете навивачки групи резултатираше со масовна тепачка, во која неколку минути никој не знаеше што се случува, а ниту полицијата не можеше да воспостави ред и дисциплина.

Во сенка на немилите сцени паднаа големата борба на теренот, по која двете екипи ги поделија бодовите, ремизирајќи 1-1. Брегалница, можеби малку ќе биде посреќна со освоениот бод, бидејќи ја задржа предноста од шест бодови, во однос на конкурентот.

Фудбалерите на Охрид забележаа нов триумф во Втората лига-запад, совладувајќи го Велазерими со минимални 1-0. Со најновата победа, охриѓани, повторно се пробија во топ 4 на табелата и имаат сериозни шанси да се замешаат во борбата за втората позиција.

  • Резултати:

Кораб – Велешта 0-1

Гостивар – Дрита 2-1

Тетекс – Скопје 1-2

Охрид – Велазерими 1-0

Кадино – Вардар Форино 1-1

Табела: Скопје 33, Гостивар 27, Велешта 26, Охрид 22, Велазерими 22, Кораб 21, Кадино 15, Вардар Форино 12, Тетекс 7, Дрита 7

OhridNews

 

Нов триумф на Охрид, Целески стрелаше за три бодови