Екипата на Младост од Царев Двор натпреварот со Еуромилк во 20-та рунда од Втората лига ќе го одигра во Охрид со почеток во 15 часот.
„Зелено белите“ домашните мечеви ги играат во Битола на стадионот „Тумбе Кафе“, но поради играњето на Пелистер овој викенд тие како прва алтернатива ја одбраа охридската арена „Атина Бојаџи“.
Со девет победи во осумнаесет натпревари Младост се наоѓа на втората позиција на табелата со предност од еден бод пред третопласираниот Гостивар.
Двојки :
Сабота : Шкупи – Влазрими, Младост ЦД – Еуромилк, Гостивар – Скопје
Недела : Македонија ЃП – Дрита, Кожув – Миравци
Табела : Шкупи 42 бода, Младост ЦД 30, Гостивар 29, Македонија ЃП 26, Кожуф 25, Велазерими 24, Еуромилк 24, Скопје 23, Дрита 17, Напредок 9.
Мх.П.