Екипата на Младост од Царев Двор во Охрид против претпоследниот тим на табелата Дрита ќе ги лечи раните за поразот од Скопје во 20-та рунда од Втората лига.


Според позициите на табелата домаќините се апсолутни фаворити и се освен победа на Младост на „Атина Бојаџи“ ќе преставува големо изненадување.

„Зелено белите“ пролетва веќе одигра еден натпревар во Охрид и тоа против Еуромилк, кој го добија со 2-0.

Двојки : Влазрими – Еуромилк, Шкупи – Скопје, Младост – Дрита, Гостивар – Напредок, Македонија ЃП – Кожуф.

Табела : Шкупи 45, Младост 33, Македонија 32, Гостивар 30, Кожуф 29, Влазрими 28, Скопје 27, Еуромилк 24, Дрита 20, Напредок 9.

Мх.П.